HUGEL со ексклузивното „UP ALL NIGHT“ шоу во Скопје

Скопје на 13 март 2026 година ќе биде домаќин на едно од најголемите електронски случувања годинава, кога во арената Борис Трајковски ќе настапи HUGEL со своето спектакуларно шоу „UP ALL NIGHT“. Интересот за настанот е огромен уште од самиот почеток на продажбата на билетите.
 

„Простор без движење“ – деби албум на „Трето Колено“

Битолското акустично дуо Трето Колено овој петок, симболично на 13-ти, официјално го објавува својот прв студиски албум насловен „Простор без движење“. Со ова издание, составот го заокружува својот досегашен авторски пат и пред публиката претставува ново музичко поглавје.
 

Јован Јованов се враќа со „Не ти стои“ по 17 години пауза

По пауза од речиси две децении, Јован Јованов ја објави „Не ти стои“, својата прва соло песна по 17 години. Новиот сингл доаѓа како логично продолжение на неговото неодамнешно враќање на музичката сцена и најава за претстојниот голем концерт во Скопје.
 
Маја Саздановска и Елвир Мекиќ снимија спот за песната „Опасно“ и по 18 години го оживеаја заедничкиот хит.
 

Голем јубилеен концерт на Љубојна за 25 години постоење

ЉУБОЈНА, една од најавтентичните македонски музички групи, оваа година прославува 25 години постоење и ја започнува 2026-та со ново големо целовечерно концертно издание во Скопје за одбележување на четврт век творештво во својот препознатлив манир кој ја позиционира групата во еден од водечките музички брендови на Македонија. 
 
На 30 јануари, во 10 часот, на Јутјуб каналот на виолинистката Пламенка Трајковска премиерно ќе биде објавен видеозаписот од нејзиниот најнов сингл „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“. Делото ќе биде достапно за јавноста преку официјална онлајн премиера.
 
Македонската музичка сцена се подготвува за настан кој ќе ја одбележи 2026 година. Популарното дуо Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ ќе одржат голем концерт, кој организаторите го најавуваат како единствено доживување без можност за реприза. Овој музички времеплов има за цел да ги оживее најубавите моменти од македонската поп-сцена и да ја обедини публиката преку безвременските хитови.
 
По подолга пауза и повлекување од музичката сцена, еден од најпрепознатливите вокали кај нас, Елвир Мекиќ, ја продолжува својата кариера токму таму каде што застана, промовирајќи го својот најнов проект насловен „Дијамант“. Оваа композиција претставува многу повеќе од само нов сингл; таа е симбол на едно ново и позрело поглавје во неговиот творечки пат, комбинирајќи длабока емоција со модерен звук кој веднаш го привлекува вниманието на слушателите. Креативниот процес зад ова дело обединува докажани професионалци, па така текстот е дело на самиот изведувач, додека за музиката и аранжманот се погрижи Јован Јованов, чиј препознатлив потпис уште еднаш гарантира висок квалитет и современа продукција.
 
Скопје изминатава вечер пулсираше во ритамот на светската електронска сцена, благодарение на спектакуларниот настап на глобално познатиот диџеј и продуцент Махмут Орхан. Повеќе од 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“, создавајќи моќна атмосфера во рамки на долгоочекуваниот настан „The Arena Experience“, во организација на „Music Rituals“. Турската мегаѕвезда, препознатлива по својот автентичен спој на мелодичен хаус и ориентални звуци, приреди аудио-визуелно доживување кое ги надмина очекувањата на публиката. Со врвна продукција и впечатливи светлосни ефекти, Орхан ја пренесе енергијата на најголемите светски подиуми директно во срцето на Скопје, потврдувајќи го својот статус на еден од највлијателните изведувачи во современата електронска музика.
 
Македонскиот артист и музички продуцент Дарко Андонов – ДААН ја промовираше својата најнова песна „Крајот е спас“, која претставува длабоко лична преработка на композиција од групата „Три пати на ден“, каде творел неговиот покоен татко, Славе Андонов. Оваа поп-рок балада е замислена како мост помеѓу минатото и сегашноста, при што целосно се задржани оригиналната мелодија и текст, додека современиот аранжман е изработен во соработка со Кире Јакимов. За Андонов, овој проект не е само музика, туку начин да го зачува семејното наследство и да и даде нов живот на песната без да ја наруши нејзината емотивна суштина.
 
Француската диџеј суперѕвезда и продуцент HUGEL, по незаборавниот и епски настап во Охрид, најавува свое враќање во Македонија, овојпат со настап во Скопје. Моментално еден од најпопуларните артисти во електронската музика, HUGEL ќе одржи концерт во СЦ „Борис Трајковски“ на 13 март 2026 година. Најавен како едно од најголемите електронски музички случувања во регионот за 2026 година, се очекува настанот да биде погласен и пожесток од било кога.
 
Еден од најхаризматичните млади вокали на македонската сцена, Јане Славов, во соработка со Алерт Бенд, создаде специјален проект – видео компилација со преработки на најголемите хитови на легендарниот шпански румба состав Џипси Кингс (Gipsy Kings).
 
Последен месец од годината во знакот на музиката: Една од најпрепознатливите македонски уметници, Сара Мејс, заедно со нејзиниот вокален квартет Sarah Mace & The Girlzz, најавуваат новогодишна магија преку серија од четири концерти низ Македонија во декември. Музичкото патување е насловено „Нека трепка“, исто како и нивната најнова песна.
 
Горан Таневски, по повод неговиот јубилеен концерт „40 години Горан Таневски“, го објави вториот сингл, „Параходот“, кој воедно е најава за претстојниот албум насловен „MORE“.
 

Александра Иванова со нова емотивна поп-балада

Македонската артистка Александра Иванова го претстави својот најнов сингл „Дали сме“, емотивна поп-приказна реализирана во соработка со бендот D’reamers. Ова е специфичен поп-проект кој се одликува со отсуство на типичен рефрен и елементи на импровизација, ставајќи ја во прв план искреноста на вокалот и емоционалната длабочина на песната.
 
„Енерџи Бенд“, предводен од маестралниот Ѓоко Јовиќ, ја промовираа својата најнова авторска песна со наслов „Те сакам“. Со моќна порака, бендот ги повика сите слушатели да им кажат „Те сакам“ на сите што им значат во животот, со што оваа емотивна балада веднаш ќе го стопли срцето на публиката.
 
Пејачот Јане Славов заедно со неговиот состав „Алерт Бенд“ ја претставија сосема новата акустична верзија на авторската песна „Инсомнија“, која во ова руво добива нова свежина, топлина и поинаква енергија. Оригинално напишана од Виктор Апостоловски, песната овој пат е снимена во живо со целиот бенд, пренесувајќи вистинска музичка искреност до слушателите.
 
Македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, попознат под уметничкото име BigSlav, го постигна најголемиот успех во својата кариера со прва номинација за престижната музичка награда „Греми“.
 

© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.