ГОРИВА
Се очекуваат нови цени на горивата по намалувањето на ДДВ, Регулаторна сè уште без одлука
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 23 Март 2026
По намалувањето на стапката на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги објави новите малопродажни цени на горивата, но засега нема официјално соопштение.
Од Регулаторната претходно објаснија дека измената на ДДВ директно ќе влијае врз формирањето на цените, како и врз трговските маржи. Според пресметките, маржата ќе може да отстапува во граници од ±0,227 денари по литар, усогласено со новата даночна стапка.
Иако конкретните цени сè уште не се објавени, економските анализи укажуваат дека намалувањето на ДДВ би можело да донесе поевтинување од околу 3 до 5 денари по литар, зависно од видот на горивото и движењата на светските пазари.
Во меѓувреме, на глобално ниво цените на нафтата бележат пад по најавите за можно смирување на тензиите на Блискиот Исток, што дополнително може да влијае врз домашните цени.
Се очекува Регулаторната комисија во текот на денот или најдоцна утре да излезе со официјална одлука за новите цени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс