ГОРИВА

Повластена даночна стапка за горивата од 24 март до 6 април

Владата на Mакедонија донесе одлука со која се воведува повластена даночна стапка од 10% за промет на моторни горива и мазива. Оваа мерка ќе важи во периодот од 24 март со полноќ до 6 април до полноќ.

 

Управата за јавни приходи ги известува сите трговци на мало кои продаваат горива дека се обврзани да ги прилагодат своите фискални системи, ценовници и фактури за да се пресметува и евидентира правилно ДДВ по новата повластена стапка.

 

УЈП ќе спроведува засилени контроли за да се обезбеди доследно почитување на мерката и ќе преземе законски мерки во случај на неправилности. Сите субјекти се повикуваат да постапуваат согласно законските прописи, со цел транспарентно и законито работење во интерес на граѓаните и економијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.