ГОРИВА

Нови цени на горивата: Дизелот 104,50, бензинот поевтин за 1,50 денари

Од денеска, 22 септември, во сила се новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати што ги утврди Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од 00:01 часот цените се:

Еуросупер БС-95 – 99 денари/литар

Еуросупер БС-98 – 101 денар/литар

Еуродизел БС – 104,50 денари/литар

Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) – 114,50 денари/литар

Мазут М-1 НС – 50,078 денари/килограм

Бензините поевтинуваат за 1,50 денари за литар, додека дизелот поскапува за 5,50 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 5 денари за литар, а мазутот за 1,835 денари за килограм.

РКЕ одлуката ја донесе поради промените на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот. Просечното зголемување на малопродажните цени изнесува 2,19 отсто.

Од РКЕ нагласуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да продаваат пониски цени од утврдените максимални износи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.