ГОРИВА
Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поевтинува 4,50 денари, бензините поскапуваат
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 28 Септември 2026
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто.
Од 29 септември во 00:01 часот максималните цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 100 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 102 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС – 100 денари за литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 111,50 денари за литар
Мазут М-1 НС – 49,882 денари за килограм
Бензините поскапуваат за 1 денар за литар, додека дизелот поевтинува за 4,50 денари за литар. Екстра лесното масло се намалува за 3 денари за литар, а мазутот за 0,196 денари за килограм.
При пресметката се применети владините мерки за намален ДДВ за ЕУРОДИЗЕЛ од 10 отсто, како и намалена акциза од 4 денари за литар кај бензините и дизелот.
РКЕ посочува дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да продаваат и по пониски цени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс