ПЛАТИ
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
- Детали
- Категорија: ПЛАТИ
- Создадено: 22 Септември 2026
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2026 година изнесува 48.499 денари, што е за 7,1 отсто повеќе во споредба со јули минатата година.
Најголем раст на просечната нето-плата на годишно ниво е забележан во финансиските дејности и осигурувањето, каде што платите се зголемиле за 10,7 отсто.
Следуваат снабдувањето со вода, отстранувањето на отпадни води, управувањето со отпад и санацијата на околината, со раст од 10,4 отсто, како и дејностите во врска со недвижен имот, со зголемување од 9,6 отсто.
Во однос на јуни 2026 година, најголем месечен раст на просечната нето-плата е регистриран кај стручните, научните и техничките дејности – 4,3 отсто, трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли – 3,2 отсто, и градежништвото – 2,3 отсто.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс