Во учебната 2025/2026 година во ученичките и студентските домови биле сместени 5.232 ученици и студенти, што е 7 отсто повеќе од претходната година. Во тек е конкурсот за ново сместување според новиот Закон за студентски стандард, кој трае до 31 јули.
 
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година бележи намалување од 0,5 отсто во однос на мај, додека на годишно ниво трошоците за живот се повисоки за 3,4 отсто.
 
Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2026 година изнесувала 11,3 отсто, додека просечната нето-плата во мај достигнала 49.544 денари, што е раст од 8,2 отсто за една година.
 
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2026 година се намалени за 0,2 отсто во однос на мај, но во споредба со јуни минатата година бележат раст од 4,3 отсто.
 
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 отсто. Новите максимални цени стапија во сила од денеска во 00:01 часот.
 

© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.