Формирани четири нови групации во рамките на ССКМ
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 03 Октомври 2025
Денеска во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија се одржа првата седница на Управниот одбор во нов состав со преседателот д-р Горан Ѓорѓиевски на која се донесоа повеќе одлуки со кои се зајакнува структурите со избор на потпреседател во ССКМ и преседател на Управниот одбор како и комисии кои овозможуваат подобрено функционирање на институцијата.
По барање на членките во коморите и потребата на бизнис секторот се формираа четири нови групации во рамките на ССКМ и тоа:
Групација за енергетика, рударство и минерални суровини
Групација за пожарна заштита и кризен менаџмент
Групација за игри на среќа
\Групација за стартап компании
“Формирањето на новиот Управен одбор во Сојузот на стопански комори на Македонија во кој членуваат истакнати стопанственици предложени од Коморите, како и четирите нови групации е јасен сигнал за позитивните промени кои се случуваат во ССКМ насочени кон бизисот со кој заеднички ќе креираме вредности во периодот пред нас значајни за раст и развој на македонската економија,,- истакна Ѓорѓиевски.
На состанокот се предложија повеќе иницијативи за зајакнато меѓународно присуство на Сојузот на стопански комори на Македонија, привлекување на инвестиции, подобрувања на одредени законски решенија,зајакнување на вештините кај вработените преку професионални обуки во коморите, дигитализација, презентација на членките на ССКМ и нивните потенцијали на регионални Б2Б состаноци, посета на бизнис форуми и саемски манифестации за престојната 2026 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












