Средствата на финансиските институции пораснаа за 19%: Пензиските фондови главни двигатели
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 28 Ноември 2025
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) забележаа значителен раст во третиот квартал од годината, со квартално зголемување од 5,1% и импресивен годишен раст од 19,0%. Овој позитивен тренд е главно резултат на зголемените средства на пензиските фондови, при што дополнителен придонес имаат и повисоките средства на осигурителните друштва и инвестициските фондови. Позитивни движења се забележани и кај останатите потсектори.
Во структурата на средствата на ОФИ, најголем дел им припаѓа на вложувањата во должнички хартии од вредност, кои учествуваат со 51,1%, проследени со сопственички хартии од вредност со учество од 26,6%.
На страната на обврските, доминираат техничките резерви на осигурувањето со учество од 52,2%, додека капиталните сметки сочинуваат 38,0% од вкупните обврски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












