Гувернерот Славески во посета на Банката на Англија
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 01 Декември 2025
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, со цел засилување на билатералната соработка и размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајните централни банки во светот.
Во текот на посетата, гувернерот Славески одржа повеќе работни средби со високи претставници, вклучувајќи го и гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли.
Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во таа насока, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува своите резерви во монетарно злато. Посетата овозможи подобар увид во оперативните процедури за чување и ракување со златото, сигурносната заштита, како и во можностите што ги нуди Банката на Англија за пристап до пазарот за злато во Лондон, кој претставува најголем светски пазар преку шалтер за овој благороден метал.
Покрај ова, гувернерот Славески одржа работни средби и со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На овие средби се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за најновите технолошки иновации во секторот на финансии.
Работна посета беше организирана од Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












