Над половина од локалните јавни претпријатија работат со загуба

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска, 11 декември 2025 година, објави истражување и база на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија (ЛЈП) во земјава, кои откриваат алармантна слика за нивното работење.

 

Истражувањето покажува дека загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија, односно 71 од вкупно 128 претпријатија. Вкупниот износ на регистрираните загуби достигнува 17 милиони евра.

 

Состојбата со загубите и задолжувањата се влошува, при што ЦГК нагласува дека во последните години расте како вкупниот износ на загубите, така и бројот на претпријатија кои работат со негативен финансиски резултат. Само првите 10 претпријатија со најголеми загуби учествуваат со дури 77% од вкупните загуби. На првите три места според загубите се наоѓаат скопски јавни претпријатија, а меѓу најзагубарите се и битолски ЛЈП.

 

Покрај загубите, алармантна е и состојбата со задолженоста. Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат високи 193 милиони евра. Долговите на 10-те најзадолжени претпријатија претставуваат 40% од вкупните долгови на сите претпријатија. Како последица на лошото работење и задолженост, дури третина од локалните јавни претпријатија имаат блокирана банкарска сметка.

 

Во ЛЈП работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени бележи благо намалување во последните години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.