Герасимовски: Отворена општина за најмладите, градиме одговорни граѓани
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 20 Ноември 2025
Општина Центар беше домаќин на серија едукативни посети за ученици од основните училишта, реализирани во склоп на наставната програма за локална самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски лично ги пречека четвртоодделенците, со цел да им ја објасни работата и функционирањето на општината.
Герасимовски им презентираше на децата како локалната самоуправа донесува и спроведува одлуки кои директно влијаат на подобрување на квалитетот на животот на жителите. Учениците активно учествуваа, поставувајќи прашања за надлежностите на општината, покажувајќи голем интерес и свесност за тоа како се води нивната заедница.
„Ми беше чест да им ја доближам работата на Општина Центар на најмладите. Овие средби се од суштинско значење за да се поттикне нивниот интерес и свесност за функционирањето на заедницата, со што градиме одговорни граѓани за иднината“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Покрај запознавањето со општинската администрација, во рамките на посетата се одржа и едукативната работилница „Нацртај го своето стебло“. Работилницата беше организирана во соработка со Сојузот на извидници, како дел од проектот „Боренка“, со фокус на подигнување на еколошката свест за значењето на зачувувањето на животната средина и обновата на опожарени подрачја.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












