Општина Центар ги отвори вратите за учениците: Герасимовски порача – Учиме како се гради современа заедница
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 27 Ноември 2025
Општина Центар беше домаќин на едукативна посета на ученици од неколку основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на запознавање со локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Целта на посетата беше најмладите, преку директен контакт, да ја разберат работата на општинските служби и процесите на носење одлуки.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги пречека учениците и им ги претстави начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на жителите на општината. Децата покажаа голем интерес, активно учествувајќи со бројни прашања поврзани со урбанизмот, комуналните услуги и идните планови на општината.
„Особено ми е драго кога најмладите покажуваат интерес за тоа како функционира нашата општина. Нивната љубопитност и желба за знаење се доказ дека градиме одговорни и свесни идни генерации. Општина Центар секогаш ќе остане отворена за вакви едукативни средби,“ истакна градоначалникот Герасимовски.
Во рамките на едукативната посета, беше реализирана и креативна работилница во соработка со младински и еколошки организации. Преку цртеж и игра, учениците имаа можност да научат повеќе за важноста на заштитата на животната средина и принципите на одржливиот развој.
Со оваа активност, Општина Центар ја потврдува својата посветеност кон инвестирање во младите преку едукативни програми, проекти и активности што ја поттикнуваат нивната вклученост во заедницата и активното градење на подобра иднина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












