Општина Центар ги вклучува граѓаните: Отворен е електронскиот Анкетен прашалник за Буџетот за 2026 година

Општина Центар започна со активна вклученост на граѓаните во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година, ставајќи на располагање електронски Анкетен прашалник. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите да ја искористат оваа алатка за директно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на најитните потреби во своите маала.

 

„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2026 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“, изјави градоначалникот Герасимовски.

 

Преку овој електронски прашалник, граѓаните можат да предлагаат проекти од широк спектар на области, вклучувајќи: образование, социјална, детска и здравствена заштита, култура, спорт и рекреација, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, како и реконструкција и санација на училиштата.

 

Општина Центар на овој начин овозможува вистинско и директно учество на граѓаните во подготовката на програмите за работа и во дефинирањето на приоритетите во буџетот. Анкетниот прашалник е достапен на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfMOt7OUxUvMiqlOhp5htLdSK1f0jaJAqZ8dQOqUPKR-xzKfQ/viewform?usp=dialog.

 

Општината ги повикува сите жители подеднакво да учествуваат и да го дадат својот придонес во креирањето на локалните политики за 2026 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.