Центар под засилен мониторинг: Поставени 30 уреди за мерење на бучавата на најфреквентните локации

Општина Центар ја финализираше првата фаза од воспоставувањето на системот за мониторинг на бучавата во јавниот простор, со што на 30 клучни локации низ општината веќе се инсталирани специјални мерни уреди. Новите уреди се распоредени на фреквентните улици како „Орце Николов“, „Наум Наумовски Борче“, „Ленинова“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“, на Булеварот „Климент Охридски“, како и на Кејот „13-ти Ноември“.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски појасни дека овие станици служат за индикативни мерења кои ќе им помогнат на инспекциските служби во лоцирањето на прекршувањата на јавниот ред. Тој подвлече дека уредите не препознаваат човечки гласови, туку се фокусирани исклучиво на мерење на амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот, овозможувајќи побрза реакција на терен.

 

Иако податоците од овие уреди служат како патоказ за инспекторите, од Општината нагласуваат дека прекршочните постапки и понатаму ќе се покренуваат само врз основа на дополнителни, официјални мерења извршени од акредитирана лабораторија. Инспекцијата за животна средина ќе постапува согласно законските одредби, кои предвидуваат високи глоби за правните субјекти кои ги пречекоруваат дозволените граници. Казните се движат од 6.000 па сè до 41.000 евра, во зависност од големината на фирмата.

 

Главниот фокус на овој систем е справувањето со бучавата од угостителските објекти и сообраќајот. Со оваа иницијатива, Општина Центар цели кон долгорочно унапредување на квалитетот на живеење и заштита на мирот на своите жители во најгусто населените градски зони.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.