Општина Илинден изврши реновирање на домовите на култура во Бујковци, Бучинци, Дељадровци и Ајватовци

Во Општина Илинден се изврши реновирање на домовите на култура во населените места Бујковци, Бучинци, Ајватовци и Дељадровци, информираат од општината.

Овие културни објекти, кои се од особена важност за жителите на општината, добија целосно обновен лик и значително подобрена функционалност.


Во рамки на реновирањето беше опфатено бојадисување на внатрешните и надворешните ѕидови, замена на старите и дотрајани врати и прозорци, менување на постоечката кровна конструкција, како и изведување на други занаетчиски работи.

 

Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во објектите, нагласувајќи дека целта е да се унапреди културниот живот на локално ниво преку создавање современи и пријатни простори за уметничко изразување, дружење и активно граѓанско учество.


Домовите на култура, не се само места за културни настани, туку вистински центри за социјална интеракција и креативност, отворени за сите генерации.

Посебен акцент се става на создавањето услови за младите, но и за повозрасните жители, кои со овие реновирани објекти добиваат простор каде можат квалитетно да го поминуваат слободното време.


Со оваа иницијатива, Општина Илинден прави значаен чекор напред во зајакнување на културниот и општествениот живот, градејќи визија за заедница во која културата, креативноста и соработката се во центарот на вниманието.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.