Нов паркинг за СОСУ „Илинден“ и заштитна ограда за спортскиот комплекс „Драго Маневски“
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 23 Декември 2025
Општина Илинден ги привршува градежните активности на два значајни инфраструктурни објекти наменети за подобрување на условите во образованието и спортот. Проектот за новиот паркинг простор во рамките на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во финална фаза, со што се обезбедува површина од 550 квадратни метри. Овој паркинг со капацитет од 30 возила е клучен за воведување сообраќаен ред во непосредната околина на училиштето и обезбедување подобри услови за вработените и посетителите.
Истовремено, во завршна фаза е и поставувањето на новата заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“. Со реализација на бетонските работи и монтирање на ограда во должина од 250 метри, значително се подигнува нивото на безбедност за сите спортисти и рекреативци кои го користат овој простор. Градоначалникот Александар Георгиевски, при увидот на терен, нагласи дека овие инвестиции се дел од континуираните заложби на општината за модернизација на образовната и спортската инфраструктура.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















