ССМ: Ако до крај на февруари не се зголеми минималната плата, во март следува генерален штрајк
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Февруари 2026
Денеска синдикалните претставници на ССМ протестираа пред Владата и ги повторија работничките барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра како и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.
“Денеска тука дојдовме 3 луѓе повеќе од претходните протести со блокади... Денеска сме тука 24 луѓе затоа што 24 министри во Владата или Владини функционери уживаат на грбот на 540.000 работници. 24 министри во Владата на денешната седница на Владата треба да предложат измени и дополнување на Законот за минимална плата ако сакаат да бидат за работниците, ако сакаат да се зголеми минималната плата на 600 евра и да се зголемат сите останати плати за разликата од претходната минимална плата до новата минимална плата или за најмалку 6.000 денари. Дополнително оставаме простор до крајот на месец февруари да седнат и да се договорат и да кажат за колку пари ќе ја зголемат минималната плата и за колку пари се спремни да ги зголемат сите останати работнички плати, затоа што веќе немаат апсолутно никакви аргументи. Нивниот главен изговор – продуктивноста кој како изговор го вртеа 35 години во Македонија, ги чинеше иселување на најквалификуваните работници од земјава, и не само квалификуваните работници, туку и нивните семејства. Ако до крајот на месец февруари не се договорат и не разговараат за зголемување на минималната и на сите останати плати, следува генерален штрајк, со генерален работнички протест во неработно време, на кој ќе бидат повикани сите работници кои сметаат дека платите им се ниски. За сите работници ќе обезбедиме превоз за да нема никој изговор. Сите ќе излеземе на улица за да докажеме дека не сме задоволни од платите. Тоа ќе биде во првата половина на март, затоа што март е месецот кога треба да се утврди висината на минималната плата”, изјави претседателот на ССМ, Трендафилов.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















