Паднати и оштетени дрвја низ Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 18 Февруари 2026
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови на повеќе локации низ градот има паднати и оштетени дрвја.
"Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните", информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Екипите на терен претпладнево ги сечат и расчистуваат паднатите дрвја, ги отстрануваат скршените гранки за да се нормализира сообраќајот од застојот.
"Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот. Апелирам до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен", додаде Ѓорѓиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















