Лукровски на годишната конференција „Формализација на неформалната економија“

Градоначалникот Сотир Лукровски, денеска присуствуваше на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ која ја организираше Министерството за финансии во соработка со УНДП, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економскиот факултет Скопје при УКИМ.

Во фокус на конференцијата беше креирањето на политики за ефикасен процес на формализација на неформалната економија во земјата и за таа цел, од страна на надлежните министерства, Стопански комори, Организации на работодавачи, Синдикати и Академската фела беше потпишана „Декларација за партнерство и акција: Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Сееверна Македонија“.

Општина Карпош во своите локални политики имплементира проекти и активности во насока на развој на претприемништвото и ќе продолжи да биде одговорен и посветен поддржувач на формалната економијата во државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.