Забрана на регионалниот пат Гостивар - с.Чегране поради излевање на Вардар

Претпладнево врнежи од слаб снег сeбележат во Крива Паланка - г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин и на Пониква, кои во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар - с. Чегране поточно во с. Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд. Сообраќајот се пренасочува од с. Чајне према с.Форино. 

Сите патни правци во државата се проодни. Патот кон село Герман е блокиран кај с. Станча, од паднато дрво-бор и истиот не е прооден. 

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината на условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.