Црвениот крст со помош и поддршка за населението во Кичево, Гостивар и Скопје
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Февруари 2026
Црвениот крст на Македонија со 200 волонтери и вработени на Црвениот крст ангажирани на терен, обезбедува поддршка и помош за погоденото население.
Во Кичево, вкупно засегнато население со материјална штета се 362 домаќинства, односно околу 1200 лица од кои 250 лица (62 семејства) се евакуирани и привремено грижени во спортската сала „Христо Узунов“, меѓу кои 61 дете, 178 возрасни и постари лица и 11 лица со попреченост.
Покрај Кичево, погодено е население и во општина Гостивар (село Форино) околу 500 живеалишта, и во општина Сарај (село Буковиќ, Семениште и Горна Арнакија) 30 живеалишта.
Во рамки на хуманитарната интеверција, Црвениот крст обезбеди и дистрибуираше помош на 400 семејства и тоа 10 палети вода, 820 ќебиња, 400 хигиенски пакети, 250 пакети со храна, 250 душеци, бебешка храна и хигиена, и нова облека. Црвениот крст во соработка со општина Кичево и локални донатори обезбедува по три топли оброци за 250 лица на дневна основа кои се евакуирани и привремено згрижени.
Дополнително во континуиет се обзебедува и психо-социјална поддршка на погоденото население. На телефонските линии 072-239-077, 072-239-051 за психо-социјална поддршка, досега побараа помош 50 лица.
Црвениот крст останува на терен и подготвен да обезбеди дополнителна поддршка согласно развојот на состојбта и потребите на погоденото населението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















