Јана Атанасовска не успеа да ја заврши трката ниту во денешниот слалом
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 18 Февруари 2026
На Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“, Јана Атанасовска не успеа да ја совлада патеката ниту во денешниот слалом.
По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка на самиот старт од првото возење, со што предвреме го заврши своето учество на овие Олимписки игри и нема да настапи во втората трка.
"Иако очекувањата беа големи, неискуството и преголемата желба за успех на најголемата спортска сцена беа пресудни овојпат. Олимписките игри носат огромен притисок, а денешниот настап е само уште еден чекор во градењето на кариерата на нашата надежна скијачка. На Јана ѝ посакуваме многу повеќе среќа, успех и уште подобри резултати на сите следни натпреварувања", информираат од МОК.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















