Повеќе од 600 нови садници за почист воздух: Успешно заврши акцијата „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја заокружи обемната еколошка акција „Зелена Општина Илинден“, во која беа засадени повеќе од 600 нови садници на повеќе стратешки локации низ општината. Активноста, насочена кон подобрување на квалитетот на воздухот и унапредување на животната средина, опфати зазеленување долж пешачките и велосипедските патеки, во дворовите на училиштата и градинките, како и ревитализација на подрачјето во населеното место Мршевци, кое претрпе штети од пожарите во текот на летото.

 

Во акцијата се вклучија граѓани, ученици, општинската администрација и јавните претпријатија, поддржани од голем број општествено одговорни компании како ТАВ, Дени Интернационал, Пекабеско и други, кои донираа дел од садниците. Градоначалникот Александар Георгиевски нагласи дека ова е заедничка одговорност и дека само во текот на 2025 година на територијата на општината се засадени вкупно 750 садници, со што заштитата на околината останува врвен приоритет на локалната самоуправа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.