„Танец“ го најавува Годишниот концерт: „Ритамот на душата, бојата на традицијата“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 02 Декември 2025
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува кулминацијата на својата концертна сезона – традиционалниот Годишен концерт, кој го носи мотото „Ритамот на душата, бојата на традицијата“.
Концертот е закажан за сабота, 20 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, на сцената на Националната Опера и Балет (НОБ).
Оваа свечена вечер ветува незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор. На програмата се најавени мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни, проследени со раскош на народни носии од сите краишта на Македонија. Публиката ќе има можност да проследи кореографски решенија кои вешто ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз.
На сцената ќе настапат врвните играорци, пејачи и музичари на Ансамблот, кои со својата уметност го носат македонскиот идентитет низ светот.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на народната уметност да не ја пропуштат оваа можност да бидат дел од традиционалниот празник на фолклорот, кој е идентитетскиот код на Македонија.
Билетите за Годишниот концерт се веќе пуштени во продажба и можат да се набават преку системот kupikarta.com.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












