ЗНМ го осудува бруталниот напад на редакцијата на „Инфомакс“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува вчерашниот брутален напад што се случи во редакцијата на порталот „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо. Со овој инцидент, беше директно загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на останатите вработени во редакцијата.

 

Според информациите од „Инфомакс“, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата токму додека траела емисијата. Напаѓачот почнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време, тој успеал насилно да ја скрши вратата и да влезе во дворот на редакцијата.

 

Во моментот кога екипата направила кратка пауза од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол за да провери што се случува. Напаѓачот, во меѓувреме, продолжил да се движи кон другиот дел од објектот, каде со сила искршил уште една врата, обидувајќи се да стигне до студиото каде се одвивала програмата.

 

ЗНМ апелира до надлежните институции веднаш да го расчистат овој случај и да преземат мерки за санкционирање на напаѓачот, со цел да се обезбеди сигурна работна средина за сите медиумски работници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.