Националниот Ансамбл „Танец“ се простува од истакнатиот солист Симеон Чулев

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информира јавноста за смртта на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев.

 

Ансамблот најавува дека Комеморативна седница во спомен на Симеон Чулев ќе се одржи утре, вторник, 16 декември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во просториите на Ансамблот „Танец“.

 

Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност. На комеморацијата, соработниците, пријателите и колегите ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера.

 

Јавноста е повикана да присуствува и да оддаде последна почит на ликот и делото на Симеон Чулев. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел од 11:30 до 12:30 часот, додека погребот ќе се одржи на гробиштата Камник-населба Ченто.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.