Македонија и Бугарија потпишаа Меморандум за електронска размена на царински податоци во Брисел
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Декември 2025
Во седиштето на Европската комисија во Брисел, во присуство на еврокомесарот за проширување Марта Кос, директорот на македонската Царинска управа Бобан Николовски и директорот на бугарската Национална царинска агенција Георги Димов потпишаа Меморандум за електронска размена на податоци. Овој документ е од клучно значење за забрзување на легалната трговија меѓу двете земји и поефикасно спречување на царинските измами, со што директно се зајакнува позицијата на македонската економија на европскиот пазар.
Директорот Николовски истакна дека овој чекор е потврда за силните заложби за забрзана интеграција на државата во Европската Унија и нејзиниот единствен пазар. Тој нагласи дека поддршката од ЕУ е клучна во овој процес, а потпишувањето на меморандумот во Брисел е јасен доказ за тоа. На настанот присуствуваа и челниците на царинските служби од Западен Балкан и ЕУ, како и претставници на ЦЕФТА и Транспортната заедница, што дополнително ја нагласува регионалната важност на оваа соработка.
Со воспоставувањето на електронската размена на податоци, македонската Царина го трасира патот кон поконкурентна економија и поефикасни гранични контроли, придонесувајќи за побрз проток на стоки кон земјите членки на Унијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












