Четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител добија позитивно мислење од Советот

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител.

Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски, Советот едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж, бидејќи стажот не бил во континуитет.

Мислењата се доставени до Владата, која потоа својот предлог ќе го достави до Собранието на гласање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.