HUGEL со ексклузивното „UP ALL NIGHT“ шоу во Скопје

Скопје на 13 март 2026 година ќе биде домаќин на едно од најголемите електронски случувања годинава, кога во арената Борис Трајковски ќе настапи HUGEL со своето спектакуларно шоу „UP ALL NIGHT“. Интересот за настанот е огромен уште од самиот почеток на продажбата на билетите.

 

Станува збор за единствен настап на францускиот диџеј и продуцент во регионот, што дополнително ја зголемува атрактивноста на концертот. HUGEL во моментов е на светска турнеја со речиси секојдневни настапи низ Европа, Латинска Америка, Азија и Австралија, а најголем дел од настаните се распродадени однапред.

 

Организаторите најавуваат аудио-визуелно шоу со продукција на високо меѓународно ниво, специјална сценографија и енергија карактеристична за неговите настапи на големите светски фестивалски бини. Билетите се достапни преку kupikarta.com, а поради засилената продажба и интересот од регионот, се препорачува нивно навремено обезбедување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.