Донарума го напушта ПСЖ ?
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 01 Август 2025
Голманот на европскиот првак ПСЖ Италијанецот Џанлуиџи Донарума можно е да го напушти клубот. Тој ланската сезона освои три пехари со ПСЖ: Лигата на шампионите, Лига 1 (француското првенство) и францускиот куп. Притоа на 47 натпревари прими 43 голови, а на 17 неговата мрежа остана незатресена.
Проблем за клубот од Париз е неговата плата од 12 милиони евра по сезона, но и можноста на крајот од новата сезона да си замине без обештетување. ПСЖ сака да избегне повторување на случајот со Килијан Мбапе, кога си замина без обештетување од клубот.
За италијанскиот репрезентативец интерес има од екипи од Премиер лигата, според британските медиуми можен е трансфер во Манчестер Јунајтед. Но, се споменува можен трансфер и во Галатасарај, а интерес има и кај клубови од Саудиска Арабија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












