Нов шок за Челзи: Кол Палмер го скрши прстот на ногата и пропушта три клучни натпревари

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, сè уште ќе е надвор од теренот, откако доживеа незгода во својот дом и го скрши прстот на ногата. Ова значи дека англискиот напаѓач ќе ги пропушти следните три важни натпревари на Челзи против Барнли, Барселона и Арсенал.

 

Иронично, Палмер беше подготвен да се врати на теренот откако од септември отсуствуваше поради повреда на препоните. Меѓутоа, тој се здобил со фрактура на малиот прст на левата нога откако незгодно удрил во врата.

 

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, потврди дека Палмер „сигурно“ нема да биде достапен за претстојните дуели.

 

„За жал, тој доживеа несреќа дома, каде што го удри прстот на ногата. Тоа не е нешто страшно, но нема да се врати до следната недела“, изјави Мареска. На прашањето колку долго ќе отсуствува Палмер, тренерот додаде: „Не знаеме. [Прстот] е скршен. Единствено што знаеме е дека нема да биде достапен оваа и следната недела“.

 

Ова е нов удар за 21-годишниот фудбалер, чија повреда на препоните го ограничи на само три настапи во Премиер лигата оваа сезона. Тој беше принуден да го напушти теренот по само 21 минута на својот последен настап против Манчестер Јунајтед и оттогаш беше надвор од стројот за клубот и репрезентацијата. Палмер веќе беше вратен на тренинзите во Кобхам пред да ја доживее новата несреќа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.