Лејсон Зеќири пред Азербејџан: Ние сме фаворити, но потребно е внимателно да го искористиме спојот на искуство и младост

Кошаркарскиот репрезентативец Лејсон Зеќири е подготвен да го започне квалификацискиот циклус за пласман на Евробаскетот 2029, откако ги „прескокна“ претквалификациите за Светскиот Куп. Пред утрешниот дуел со Азербејџан, кој се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје (од 19:00 часот), Зеќири изјави дека очекува две победи во овој ФИБА прозорец.

 

Високото крило смета дека македонската селекција е фаворит и во дуелот со Азербејџан, и во наредниот на гостински терен против Ирска, но повикува на голема внимателност.

 

„Очекувањата за мечевите со Азербејџан и Ирска се да победиме. Ние сме фаворити, го имаме и домашниот терен на првата средба, но мора да бидеме и доста внимателни, затоа што мало опуштање може да ги однесе натпреварите во поинаков тек“, вели Зеќири.

 

Тој смета дека со поискусниот ростер во однос на претходниот циклус, репрезентацијата може да стигне до првото место во групата, кое води во следната фаза од квалификациите.

 

„Со враќањето на искусните играчи, како Војдан Стојановски, и ние можеме да напредуваме и да учиме од нив. Да собираме искуство како да одиграме меч, како да завршиме или привршиме меч. Верувам дека, ако сите ги исполниме задачите на селекторот, можеме до првото место“, заклучува Зеќири пред стартот на претквалификациите за Европското првенство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.