Голем кошаркарски празник: All Star ден во Македонија на 21 декември со три натпревари

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) најавува дека недела, 21 декември, ќе биде целосно посветен на славење на македонската кошарка, обединувајќи ги играчите, тренерите, судиите и клубовите околу заедничката вредност и љубов кон играта. Централен настан ќе биде All Star програмата, во рамките на која се закажани три атрактивни натпревари.

 

Програмата започнува во 12:00 часот со натпреварот All Star за македонските надежи (М20). Единаесетте клубови од М20 лигата се задолжени да номинираат по еден играч, додека останатите тринаесет играчи ќе бидат избрани од стручните штабови во среда во просториите на федерацијата.

 

Во 15:00 часот следува Женскиот сениорски All Star натпревар. По истиот принцип, осумте клуба од „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени доставуваат по еден домашен играч. Останатите домашни и дванаесет странски играчи, исто така по препорака од клубовите, ќе бидат избрани од стручните штабови во среда.

 

Главниот настан, Машкиот сениорски All Star натпревар, е закажан за 18:00 часот. За него, дванаесетте клуба ќе номинираат по еден македонски играч, додека останатите домашни и странски кошаркари ќе бидат селектирани од стручните штабови во среда.

 

Клубовите од М20, Женската и Машката Супер лига имаат важна напомена дека сите тековни натпревари мора да бидат одиграни најдоцна до сабота, 20 декември, пред All Star денот.

 

Настанот ќе биде збогатен и со ревијални натпревари – шут за 3 поени и забивање. Клубовите-учесници имаат право да пријават по еден играч за секоја дисциплина до среда, 17 декември, до 11:00 часот, по електронска пошта. Во зависност од бројот на пријавени, квалификациите ќе се одржат за време на натпреварите на надежите и женскиот All Star, додека финалињата ќе се одржат за време на машкиот All Star.

 

Во паузите меѓу четвртините, ќе се изврши свечено доделување на награди и признанија за најуспешните поединци и колективи од сезоната 2024/25. Со овој голем настан, КФМ се надева дека кошарката повторно ќе го заземе заслуженото место како спорт број 1 во Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.