Дурмиши и Тигањ: Постојат нови можности за продлабочување на економската соработка со Хрватска

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани тековните состојби и идните перспективи за унапредување на билатералната економска соработка меѓу двете земји.

 

На средбата беше истакнато дека одличните политички односи и традиционално добрите билатерални врски претставуваат стабилна основа за понатамошно зајакнување на економската и бизнис соработката, особено во рамки на европската интеграција и регионалната поврзаност.

 

Министерот Дурмиши ја нагласи позитивната динамика во надворешно-трговската размена, при што вкупната трговија меѓу двете држави бележи континуиран раст, а македонскиот извоз кон Хрватска во последните години е во значителен пораст.

 

Соговорниците се согласија дека постои простор за дополнително продлабочување на соработката, особено во секторите прехранбена индустрија, енергетика, фармација, градежништво, индустриско производство и туризам, каде што двете земји имаат заеднички интерес и потенцијал за нови инвестиции и партнерства.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.