Герасимовски најави нови проекти за пензионерите во Општина Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 22 Јануари 2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 72 години од постоењето на Здружението на пензионери на Општина Центар, кое се одржа во просториите на здружението. Настанот беше искористен за да се истакне долгогодишната соработка меѓу локалната самоуправа и пензионерската заедница.
По тој повод, пензионерите му врачија благодарница на градоначалникот за, како што беше посочено, одличната соработка и партнерскиот однос со Општина Центар. Герасимовски нагласи дека признанието има особена тежина, бидејќи станува збор за првото здружение на пензионери формирано во Македонија.
Тој најави дека во текот на годинава ќе се реализираат повеќе заеднички активности, меѓу кои манифестацијата „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“, екскурзии низ Македонија, едукативно-креативни работилници за домаќинство и Пензионерски спортски игри 2026. Како дел од идните планови, беше спомената и можноста за изградба на Дом за стари лица.
Покрај новите најави, од Општина Центар потсетија дека веќе се реализираат низа проекти наменети за повозрасните граѓани, меѓу кои програмите „Центар се грижи за возрасните“ и „Итно копче“, бесплатен превоз до здравствени установи, како и еднократна парична помош, која годинава е зголемена на 5.000 денари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















