Општина Центар со субвенции од 10.000 денари за возачки испит за млади
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 23 Јануари 2026
Општина Центар воведува финансиска поддршка за младите жители преку доделување субвенции за обука и полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на територијата на општината.
Право на субвенција имаат младите кои во текот на 2026 година ќе наполнат 18 и 19 години, односно родените во 2007 и 2008 година, како и лицата родени во 2006 година кои наполниле 19 години во 2025 година и уплатата за возачки испит ја извршиле во истата година.
Субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен ДДВ и може да се користи исклучиво за полагање возачки испит за Б-категорија. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека оваа мерка има за цел да ги мотивира младите навремено да се стекнат со возачка дозвола и побезбедно да се вклучат во сообраќајот, а воедно да се олесни и финансискиот товар за семејствата.
Барањата со потребната документација се поднесуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, барака број 6, секој работен ден од 9 до 15 часот. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/3203-600 или преку електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















