Герасимовски: Негувањето на македонската традиција е трајна заложба на Општина Центар

По повод значајниот јубилеј – 80 години од формирањето на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со раководството на културно-уметничкото друштво, на која беа отворени теми поврзани со развојот на културата и идната соработка.

 

На средбата беше истакнато дека ансамблот е важен чувар на македонското фолклорно наследство и активен учесник во културниот живот на општината. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар континуирано ја поддржува неговата работа, вклучително и преку финансиска поддршка за проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, реализиран во рамки на годишната програма за култура.

 

Градоначалникот нагласи дека културата и народното творештво имаат значајно место во локалните политики, додавајќи дека во последните години се бележи раст на средствата наменети за културни проекти. За 2026 година, како што посочи, буџетот за култура е зголемен и изнесува 26 милиони денари.

 

Преку поддршка на манифестации и културни настани, Општина Центар, според Герасимовски, создава простор за културни содржини кои ги поврзуваат генерациите и го зајакнуваат чувството на заедништво, при што македонската традиција останува еден од клучните столбови на таа стратегија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.