Герасимовски: „Феникс“ како признание за младите што ја носат иднината на Центар

Општина Центар ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за 2025 година, со која се наградуваат исклучителни постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието. Наградата им ја врачи градоначалникот Горан Герасимовски, кој истакна дека ова признание е јасен показател дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајноста.

 

Герасимовски нагласи дека Општината и Советот и понатаму ќе бидат силна поддршка за граѓаните кои со својот труд и успех придонесуваат за афирмација на општината во земјата и надвор од неа. Посебно задоволство, како што рече, претставува фактот што годинашните добитници се млади жители на Центар, кои допрва ќе го градат својот професионален и животен пат.

 

Наградата „Феникс“ годинава им беше доделена на Софија Пиштолова за постигнувања во модерни танци, Марко Татули за успеси во боречки спортови, Кристијан Јанев за тенис, Тамара Танеска за резултати во областа на природните науки, Виктор Вранишкоски за пливање и Томи Тодоровски за триатлон. Сите наградени добија диплома и парична награда во износ од 30.000 денари.

 

Признанието го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ја отсликува идејата за истрајност, постојана обнова и стремеж кон успех, вредности кои, според општинските власти, најдобро се препознаваат токму кај младите генерации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.