Општина Центар обезбедува финансиска поддршка за спортски проекти

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програми од областа на спортот, со цел промоција на здрави навики и афирмација на младите спортисти. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика сите заинтересирани спортски клубови, здруженија, институции и поединци да аплицираат и да ги развиваат активностите кои придонесуваат за физичкото и менталното здравје на граѓаните.

 

„Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но особено за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме на поддршка и градење на тимски дух кај младите“, истакна Герасимовски.

 

Проектите што ќе конкурираат треба да исполнуваат најмалку три од следниве услови: присуство на стручни кадри, јасно дефинирани цели и очекувани резултати, план за вклученост на заедницата и активности за афирмација на младите спортисти.

 

Право на учество имаат поединци, спортски клубови, здруженија и институции со седиште во Општина Центар кои ги исполнуваат законските и административните критериуми. Пријавите можат да се поднесат лично или преку пошта во Архивата на Општина Центар, а рокот за аплицирање е десет дена од објавувањето на повикот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.