Чаир
Во Чаир се поставуваат подземни контејнери
- Детали
- Создадено: 16 Февруари 2026
Општина Чаир продолжува со реализацијата на проектот за поставување подземни контејнери, еден од најсовремените проекти за подобрување на јавната хигиена и урбаниот ред на територијата на општината.
Денес во Топанско Поле, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски, го промовираа проширувањето на овој систем, кој ќе се реализира на целата територија на Чаир.
Досега се поставени подземни контејнери на 5 локации, со по 3 контејнери на секоја локација. Со поставувањето на новиот сет од 3 контејнери на шестата локација, во Чаир моментално се во функција вкупно 15 подземни контејнери.
Планот предвидува до крајот на годината системот да биде поставен на 15 локации, со над 50 подземни контејнери во служба на граѓаните.
Оваа инвестиција претставува конкретен чекор кон подобрување на јавната хигиена, намалување на отпадот на отворените површини и унапредување на квалитетот на живот, приближувајќи го Чаир до современите европски стандарди за урбано управување.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















