Две локации во Центар утре без вода

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат за два планирани прекина во водоснабдувањето во Општина Центар, кои ќе се случат утре, 27 ноември 2025 година (четврток), поради неопходна промена на вентили.

 

Првиот прекин ќе започне во 09:00 часот, поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 на улица „1732“ број 32 (во објект на Министерството за одбрана). Без водоснабдување ќе бидат:

 

Собрание на град Скопје

Општина Центар

Ноќен клуб „Маракана“

Сити Хотел

 

Прекинот ќе трае до завршување на активностите.

 

Вториот прекин ќе започне во 10:30 часот, поради промена на вентил во шахта од Ф-2“ на улица „Македонија“ б.б. (кај Хотел „Буши“). Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улица „Македонија“ (потег од улица „Даме Груев“ до Рекорд).

 

Екипите на ЈП „Водовод и Канализација“ ќе работат на терен до отстранување на дефектите и нормализирање на водоснабдувањето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.