Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е безбедна

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, на 26 ноември 2025 година, изврши вонреден мониторинг на квалитетот на водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, по добиена пријава од училиштето.

 

Секторот за санитарна контрола веднаш зеде вкупно четири примероци од две локации (училница и кујна) за анализа – два примероци за физичко-хемиска и два за микробиолошка анализа.

 

Добиените резултати од извршените анализи покажаа дека сите примероци, како физичко-хемиски така и микробиолошки, во целост одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18).

 

Врз основа на овие резултати, ЈП „Водовод и канализација“ констатира дека водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е санитарно исправна и може непречено да се употребува од страна на учениците и вработените.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.