Санкционирани 97 непрописно паркирани возила во Центар за една недела

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, спроведе засилена акција против неправилното паркирање. Во периодот од 24.11. до 30.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети вкупно 97 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар.

 

Акцијата е спроведена со цел да се овозможи нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, кој често е попречен од несовесно паркираните автомобили.

 

Од ЈП ПОЦ и СВР Скопје најавуваат дека за трајно решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходна поголема сообраќајна култура. Затоа, во наредниот период тие ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани возила во Општина Центар. Целта на овие континуирани активности е подигнување на сообраќајната свест на повисоко ниво и зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите учесници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.