Голем дефект на булеварот Александар Македонски: Утре без вода дел од Скопје

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најави прекин во водоснабдувањето за утре, среда, 3 декември 2025 година, поради итен водоводен дефект на линијата Ф700мм на булеварот Александар Македонски. Екипите на јавното претпријатие ќе преземат технички зафат за санација на дефектот.

 

Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 7:30 часот и ќе трае до целосна санација на дефектот.

 

Целосен прекин на водоснабдувањето ќе имаат следните улици и населени места:

Населба М.А. Ченто

Ул. Маџари

Ул. Палмиро Тољати

Село Сингелиќ

 

Дополнително, намален притисок во водоснабдувањето се очекува во следните делови од градот:

Бул. Александар Македонски

Ул. 808 (дел од улицата)

Бул. Киро Глигоров (дел од булеварот)

Населба Автокоманда (ниска зона)

Населба Триангла

Населба Хиподром

Ул. Перо Наков (кај Кванташки пазар)

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека прекинот е неопходен за извршување на итната интервенција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.