Апел од Град Скопје: Граѓаните и компаниите должат над 36 милиони евра за даноци и такси

Град Скопје упатува апел до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, итно да ги подмират своите обврски кон градот. Средствата од даноците на имот и комуналните такси се основни извори на приходи кои се користат за финансирање на основните градски функции, изведба на инфраструктурни проекти, ко-финансирање на комуналните претпријатија и установи, како и за покривање на трошоците на средните училишта.

 

Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и Комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, вкупниот долг на граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси изнесува преку 36 милиони евра.

 

Градот ги повикува сите обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да го сторат тоа во најкраток можен рок.

 

Обврзниците можат да извршат увид во својот долг, да ги преземат даночните и таксените решенија, како и да извршат електронска уплата на платформата на Град Скопје, достапна на https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

 

За дополнителни прашања, граѓаните можат да се обратат до надлежните служби на повеќе телефонски броеви и е-адреси. Плаќањето на даночниот долг може да се изврши и преку даночните шалтери на Град Скопје, кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13 декември 2025 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.