Скопските средни училишта добиваат нови, модерни спортски терени
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 09 Декември 2025
Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта, со цел создавање здрави, активни и мотивирани генерации. Овие инвестиции претставуваат важен чекор кон обезбедување современи услови за спорт и рекреација, кои ќе им овозможат на средношколците повеќе можности за развој и градење спортски навики.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека ова е директна инвестиција во иднината на младите и темел на посилно и поенергично Скопје.
„Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема инспирација и мотив да продолжиме уште посилно. Со силна и јасна цел да ги мотивираме средношколците да живеат здраво, ставаме огромен фокус во инвестирањето во спортската инфраструктура. Ова е инвестиција во здрави генерации кои се темелот на нашата иднина“, изјави Ѓорѓиевски.
Во моментов се во реализација нови и реконструирани спортски терени во повеќе средни скопски училишта:
СУГС „Браќа Миладиновци“: Добива повеќенаменско спортско игралиште.
СУГС „Здравко Цветковски“: Се гради повеќенаменско игралиште со специјално уредени спринт-патеки.
СУГС „Димитар Влахов“: Добива ново фудбалско и кошаркарско игралиште.
СУГС „Кочо Рацин“: Се реконструира фудбалското игралиште и теренот за одбојка, а целосно се обновува подот во спортската сала.
СУГС „8 Септември“: Добива игралиште за кошарка и одбојка.
СУГС „Ѓорѓи Димитров“: Се градат тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште.
Градоначалникот нагласи дека сите терени се градат со висококвалитетни и издржливи материјали, односно полипропиленски спортски подови од ист тип како оние што се користеа на Летните Олимписки игри во 2024 година, со што се обезбедуваат безбедност, издржливост и професионални услови за тренинг.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












