Земјотрес почувствуван во Скопје: Епицентарот во близина на Урошевац со јачина од 3.3 степени
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 15 Декември 2025
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија утрово регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац.
Земјотресот е регистриран во 07 часот и 20 минути, а сеизмолошките станици одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ја измерија неговата Рихтерова локална магнитуда (ML) на 3.3. Епицентарот се наоѓа на околу 42 километри северно од Скопје.
Според првичните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕMS).
За потребите на сеизмолошките истражувања, Сеизмолошката опсерваторија ги повикува граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, кој е достапен на следниот линк: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici, или да се јават на бројот 112.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












