Почнува најголемиот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол: 50 современи занаетчии изложуваат рачни изработки
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 15 Декември 2025
Празничниот дух официјално пристигнува во Скопје Сити Мол со отворањето на најголемиот Новогодишен базар, кој ќе трае 16 дена, почнувајќи од утре, 16 декември, па сè до 31 декември. Приземјето на трговскиот центар ќе се трансформира во колоритно и креативно место, каде ќе се претстават 50 современи занаетчии од целата држава.
Посетителите ќе имаат можност да пронајдат широк асортиман на уникатни празнични подароци и автентични производи, рачно изработени од домашните креативци. Во понудата се вклучени најразновидни новогодишни лампиони и сувенири, рачно плетен накит од челик и кожа, новогодишни куклички, ароматизирани свеќи и етерични масла, органска козметика, креативни изработки од срма, керамички предмети, кожни производи, рачно насликана керамика, филигрански накит, како и новогодишни рачно направени колачиња.
Базарот ќе биде поделен во три групи на ракотворци, кои ќе се менуваат на секои пет дена:
Првата група ќе изложува од 16 до 20 декември, а меѓу нив се Бамбус, Студио 23, Кендл дримс, Лавита Агро, Филигран од срма Софија, и други.
Втората група ќе биде присутна од 21 до 25 декември, со учество на Woolloow, Јулијa Барбун, SIRA leather, Девојчето со книгите, Ателје Сиена, Витрум Студио, и други.
Третата група ќе се претстави од 26 до 30 декември, со излагачи како Paper room, Модерно Скопје, Бибер и ванила, Монкдолс, Игнеа козметика, Кожарска работилница Карло Хорват, и други.
Базарот ќе биде отворен и на 31 декември, нудејќи им на посетителите дополнителна можност да ги набават последните подароци и да уживаат во топлата, празнична и креативна атмосфера.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












