Најава за прекин во водоснабдувањето во делови од Центар
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 17 Декември 2025
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека поради санирање на уличен дефект на крстосницата меѓу улиците „Георги Скрижевски“ и „Партение Зографски“, во четврток (18 декември 2025 година) дел од граѓаните ќе останат без вода.
Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае сѐ до завршување на работните активности на терен. Во овој период, без водоснабдување ќе бидат корисниците од следните локации:
Дел од улицата „Партение Зографски“
Дел од улицата „Белградска“
Дел од улицата „Рилски Конгрес“
Објектите на Клиниките за хематологија и трансфузиологија
Се апелира до корисниците навреме да ги обезбедат потребните количини вода за пиење и технички потреби до завршување на санацијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












